„Прото тема“: ЕУ планира надзор на грчката граница
Европа планира да воведе надзор над грчките граници поради што во 2016 година се очекува преку нејзините граници да помјинат три милиони мигранти, објави грчкиот весник „Прото тема“.
Весникот се повикува на доверлив документ од 10 ноември, посветен на бегалската криза, пренесува БТА.
- Терористичките напади во Париз, заканите од нови напади во Лондон и во Рим, неспособноста на грчките власти да се справат со ситуацијата, погрешните пораки на Владата и очекуваната хуманитарна „бомба“ во Грција ги натера европските партнери да преземат итни мерки, посочува „Прото тема“.
Меѓу мерките на Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас е да се дозволи крајбрежната стража да биде засилена со ФРОНТЕКС, заедничко патролирање на грчки и странски екипажи во Егејско Море, како и ангажирање на Европол, кој ќе биде задолжен за проверка на осомничените лица за тероризам, а грчките власти ќе можат да ги апсат лицата за кои ќе оценат дека се опасни.
- И покрај демантите на информацијата дека Грција и Италија ќе бидат исклучени од шенген зоната, Атина е во центарот за опасни преговори за идното слободно движење на граѓаните во Европа. Ако се влоши ситуацијата во Средоземно Море и има терористички напади, Грција ќе се најде во многу тешка ситуација, наведува „Прото тема“.
Европска унија ја разгледува можноста за соработка на Националната разузнавачка служба (ЕИП) со европските служби за обука на грчките агенти.
Ново на Сител
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Папата Франциск: Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви
-
Вонредна седница на Парламентот на Србија на 29 јануари, ќе се расправа и за доверба на владата
-
Кузмановски: Покажавме како се игра за Македонија, има многу простор за напредување
-
АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри
-
Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром