Свет
18. November 2015 - 10:40

Противречни информации за антитерористичката акција од Сен Дени

Од париското предградие Сен Дени, каде од рано изутринава од 4:30 часот се спроведува обемна полициска акција за неутрализирање на терорстичка група вмешана во нападите од 13 ноември во Париз во кои загинаа 129 лица, пристигнуваат противречни информации, јави дописникот на МИА од француксиот главен град.

Прво околу 8 часот беше соопштено дека операцијата е завршена по серијата на експлозиии околу 7:30, но веќе во 9 часот информациите говорат дека операцијата се уште е во тек.

Околу станот во кој беа забаракадирани терористите, се уште има голем број полициски сили, но и припадници на армијата.

 

Засега, јавниот обвинител ја потврди смртта само на еден маж и една жена, која се саморазнесе околу 4 часот на почетокот на акцијата. Претходните информации за смртта на уште едно лице не се потврдени.

Истовремено, се јавува дека три други лица кои биле во станот во центарот на Сен Дени, се уапсени, а две други лица се приведени во близината на апартманот.

Француските медиуми јавуваат дека во акцијата има ранети припадници на силите на редот, но оваа вест засега не е официјално потврдена.

 

Очевидци за француските медиуми велат дека рано изутринава се слушале бројни престрелките и силни експлозии.

Во меѓу време. француската армија соопшти дека нејизните авиони продолжуваат со нападите врз позициите на џихадистичката група Исламската држава во Сирија.