Противпожарна служба на Грција: 25 исчезнати, 91 загинат во пожарите
Противпожарната служба на Грција вечерва го соопшти официјалниот број на исчезнати лица во катастрофалните пожари што во понеделникот го зафатија источниот дел на областа Атика. Вкупно 25 лица се водат за исчезнати, а 91 го загубија животот, јави дописничката на МИА од Атина.
- Од процесот на проверка на податоците произлегува дека исчезнати се 25 лица, кои официјално беа пријавени во нашата служба, од страна на нивните роднини, по кои продолжуваат потрагите. Дирекцијата за кривични истраги до сега ја заврши идентификацијата на 59 тела, додека преостанува да бидат идентификувани уште 28 тела. Според Националниот центар за здравство, на повредите им подлегнаа четири лица кои беа хоспитализирани во болниците во Атика, соопшти портпаролката на противпожарната служба на Грција, Ставрула Малири на вонредната прес-конференција одржана вечерва.
Ново на Сител
-
Препораки од ИЈЗ за граѓаните за најавениот прекин на вода во Скопје
-
Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци, откажан летот Скопје – Истанбул
-
Мицкоски: Aко билатералните разговори се однесуваат на идентитетски прашања процесот не може да заврши успешно
-
Најмалку две лица повредени во ракетни удари врз Киев
-
Стејт департмент: Американски претставници пристигнаа во Сирија за да разговараат директно со новите власти
-
Италијанскиот суд ќе донесе пресуда против вицепремиерот Салвини за блокирање брод со мигранти во 2019 година
-
Седници на две собраниски комисии
-
Претпладне магла по котлините, попладне и во текот на ноќта дожд, а на планините снег