Протести во Вашингтон поради „изборна кражба“
Десничарски групи и приврзаници на актуелниот претседател Доналд Трамп најавија за денеска протести во Вашингтон, како што наведуваат, поради извршената „изборната кражба“ на претседателските избори.
Трамп одби да признае дека загубил од демократот Џо Бајден на изборите одржани на 3 ноември, „со што се зајакнуваат тензиите во Америка“, објавија американските медиуми.
На протестите ќе присуствуваат истакнати членови на екстремната десница, како што се Алекс Џонс, познат во САД како „теоретичар на заговор“, и самопрокламираниот „американски националист“ Николас Фуентес. Со нив ќе бидат и припадниците на паравоена милиција, кои себе си се нарекуваат „Покровители“, и припадници на екстремната десница „Горди момчиња“.
Некои левичарски групи најавија дека е можно истовремено да организираат контра протести.
Ново на Сител
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава