Протести во Турција по смена на тројца градоначалници, 30 приведени
Турската полиција употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои протестираа против одлуката на Владата да смени тројца градоначалници од југоисточниот дел на земјата, каде живеат претежно Крди, објавија турските медиуми.
Агенцијата ДХА јави дека најмалку 30 лица се приведени денеска во Дијарбакир, на третиот ден од протестите.
Владата ги смени градоначалниците на Дијарбакир, Мардин и Ван поради наводни врски со Работничката партија на Курдистан, која турските власти ја сметаат за терористичка организација.
Сменетите градоначалници, членови на прокурдската Народна демократска партија, се избрани на локалните избори во март. На нивни места се поставени државни гувернери.
Тројцата градоначалници се обвинети за разни кривични дела, меѓу кои и членство во терористичка организација и ширење терористички пропаганди, соопшти претходно Министерството за внатрешни работи.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во пресрет на изборите во март, предупреди дека прокурдски градоначалници можат да бидат отпуштени доколку, како и нивните претходници, наводно имаат врски со екстремистите.
Ново на Сител
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши