Македонија
14. September 2023 - 21:17

Протести во Струмица

Не за родовата идеологија во наставните содржини во основното и средното образование, порачуваат Родителски фронт од Струмица. Од здружението кое вечерва организираше голем промотивен настан на плоштадот Гоце Делчев велат дека единствено родителите се тие кои може да одлучуваат што ќе учат нивните деца.

За граѓаните кои дојдоа да го поддржат собирот состојбата во образованието станува загрижувачка, посебно со последните материјали што  излегоа во јавноста кои ги оценуваат како шокантни. Сметаат дека е неопходно што побрзо да се ревидираат голем број од содржините во формалното образование.

Голем број граѓани кои присуствуваа на собирот со нивниот потпис дадоа поддршка и на акцијата што ја покрена Родителски фронт, а има за цел да каже не родовата пропаганда и идеологија во документи и програмите во училиштата, актите и стратегиите во општина Струмица.