Протести во Софија, се бараат оставки од Јотова и Радев

Демонстранти се собраа на мирни протести пред зградата на бугарската влада во Софија барајќи оставка од претседателката на државата Илијана Јотова и премиерот Румен Радев.
Во областа има силно полициско присуство, јави БТА.
Според демонстрантите, претседателката Јотова и премиерот Радев не успеваат да се справат со ситуацијата што се појави во врска со бродовите погодени и потонати од беспилотни летала во бугарската економска поморска зона.
Тие нагласија дека цела Европа знае дека ова се руски напади, „но само нашиот претседател и влада се преправаат дека не знаат“.
Собраните скандираа „Оставка“, „Предавници“ и „Затвор“.
„Доколку нападите во Црното Море продолжат на ист начин бродовите нема да сообраќаат. Покрај товарот што е во опасност, имаме и потонати бродови. Не можеме да си дозволиме толку евтино да трошиме човечки животи“, нагласи Јотова во изјава за бугарски медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Потпишана Националната програма за достоинствена работа
-

СДСМ: Историска победа во Србија – ќе се расчистат криминалите во Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
