Протести во Сиднеј и Мелбурн против климатската политика на Австралија
Повеќе од 1.000 лица се собраа денеска на протести во најголемите градови во Австралија, Сиднеј и Мелбурн, против владините климатски политики и стратегии што беа понудени на самитот на ОН за климата во Глазгов.
На првиот легално одобрен протест во Сиднеј по неколкумесечниот карантин заради Ковид-19, 1.000 луѓе дојдоа да се приклучат на Глобалниот ден за акција за климатска правда, глобално движење почнато за време на самитот КОП26.
-Сите дојдовме овде за да покажеме дека сакаме повеќе од нашата влада, изјави Џорџија, една од демонстрантките.
Демонстрантите носеа натписи на кои пишуваше „Ни требаат човечки промени, а не климатски промени“, „Црвен аларм за човештвото“.
Еднонеделните владини говори и заклетви од двонеделниот климатски самит во Глазгов донесоа ветувања за завршување со праксата на искористување на јагленот, намалување на птетните емисиите на метан и запирање на уништувањето на шумите.
Австралија, меѓутоа, го отфрли глобалното ветување за намалување на метанот, а демонстрантите и активистичките групи не беа импресионирани од обврските на другите светски лидери.
-Договорите на КОП26 се случија и тоа во моментов не се покажува најдобро за Австралија, додаде Џорџија, демонстрантка од Сиднеј, која го откри само нејзиното име.
Протестот во Мелбурн беше помал од протестот во Сиднеј и на него се појавија само неколку стотици лица, на кој можеше да се види џиновска коала како дува облаци од чад, а демонстрантите беа на велосипеди, маскирани во скелети.
Неколку слични помали протести имаше и низ други места во Австралија.
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
