Протести во Палестина: Најмалку 38 повредени, еден во критична состојба
Најмалку 38 лица се повредени кога израелските војници пукаа денеска во демонстранти во Појасот Газа и на Западниот Брег, кои се собраа по одлуката на САД да го признае Ерусалим како главен град на Израел.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на градовите Хеброн и Ал Бирех на Западниот Брег, викајќи „Ерусалим е главен град на Палестина", а некои демонстранти ги гаѓаа со камења израелските војници.
Израелските војници реагираа на провокациите со боева муниција и гумени куршуми. Со боева муниција повредени се 11 демонстранти, додека 20 се повредени со гумени куршуми, соопштија лекарите.
Палестинските власти повикаа на генерален штрајк во знак на протест против вчерашната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
Палестинското Министерство за образование денешниот ден го прогласи за неработен, и ги повика наставниците, учениците и студентите да учествуваат во протестите во Западниот брег, Појасот Газа и палестинските квартови во Ерусалим.
Палестинците синоќа ги изгасија и сијаличките на новогодишната елка кај Црквата на Христовото раѓање во Витлеем, во знак на протест против одлуката Трамп.
Палестинската исламистичка група Хамас повика на ново востание - Интифада против Израел, откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим за израелски главен град.
- Треба да упатиме повик и да работиме на започнување Унтифада против ционистичкиот непријател, изјави во Газа лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, кој одлуката на Трамп ја нарече „објава на војна“.
Според него, таа одлука ставила крај на мировните договори од Осло и „го погребала мировниот процес на Блискиот Исток“
Ново на Сител
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани
-
МНР: Ќе се зголемува процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати, мандатот ќе биде четири години
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг