Протести во Мароко: Младинскиот колектив „ГенЗ 212“ бара оставка од владата

Неодамна формираниот марокански младински колектив „ГенЗ 212“ повика владата да поднесе оставка вечерва, по шестдневните протести за подобри здравствени и образовни услуги кои беа обележани со насилство и смрт на три лица.
Демострациите, организирани од „ГенЗ 212“од саботата, следеа по протестите што започнаа кон средината на септември во неколку градови поради смртта на осум бремени жени примени на царски рез во државна болница во Агадир, на југот на земјата.
„Народот сака здравство и образование“, скандираа десетици демонстранти вчера, мавтајќи со марокански знамиња во трговскиот кварт Агдал во центарот на главниот град Рабат.
Собири се одржаа и во Казабланка, Маракеш и Агадир, според извештаите на локалните медиуми.
Колективот „ГенЗ 212“, чии основачи се непознати и кој се гордее со 150.000 членови на платформата Дискорд, се опишува себеси како група „слободна младина“ без политичка припадност.
Групата нагласи дека „ги отфрла сите форми на насилство“ и ги повика демонстрантите да „ја почитуваат мирната природа“ на движењето.
Насилството избувна низ целата земја преку ноќ по демонстрациите.
Три лица беа убиени од жандармери „во самоодбрана“ додека се обидуваа да „нападнат“ жандармериска бригада во селото Лклија, во близина на Агадир, за да запленат оружје и муниција, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Повикуваме на распуштање на сегашната влада поради нејзиниот неуспех да ги заштити уставните права на Мароканците и да одговори на нивните социјални барања, се вели во соопштението на „ГенЗ 212“ до кралот Мохамед VI, повикувајќи на „фер судења“ против оние што се одговорни за корупција.
Премиерот Азиз Ахануш ја потврди подготвеноста на владата да „одговори на социјалните барања“ на младите луѓе и изрази „подготвеност за дијалог“.
Кралството, кое ќе биде ко-домаќин на Светското првенство во 2030 година, започна големи инфраструктурни проекти: изградба на нови стадиони, проширување на мрежата на брзи железници и модернизација на неколку аеродроми.
„Сакаме болници, не само стадиони“ е слоганот што се користи од почетокот на протестите, а беше и пораката на младите луѓе вчера во Рабат, Казабланка и Агадир.
„ГенЗ 212“ (212 е повикувачки број за Мароко) тврди дека дејствува од „љубов кон земјата и кралот“, во земја каде што има големи нееднаквости, како територијални, така и меѓу јавниот и приватниот сектор.
„ГенЗ 212“, исто така, повика на „ослободување на сите приведени во врска со мирни протести“.
MИА
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
