Протести против Олимписките игри во Рио

Пред почетокот на свечната церемонија на отворањето на 31. Летни олимписки игри во Рио де Жениеро, неколку стотици доцна синоќа се собраа во близина на стадионот „Маракана“ на протест против корупцијата во Бразил и против, според нив, преголемите трошоци за организација на Олипијадата.
За да ги разбие учесниците на протестот во близина на „Маракана“, каде се одржа свеченото отворање на Игрите, бразилската полиција употреби солзваец и чадни бомби.
Овие протести се надовразаа на нестабилната политичка состојба во Бразил, предизвикана од временото отстранување од власта на пресетадателката Дилма Русеф и иницијативата за нејзино конечно отповикување.
Поради ваквата нестабилна политичка состојба во земјата, многу шефови на држави или влади решија да не присуствуваат на свеченото отворање на Олимписките игри.
Бразилските власти очекуваа на цереминијата да допатуваат околу сто светски лидери, но на отворањето присуствуваа само помалку од 25, меѓу кои и претседателите на Аргентина, Парагвај, Португалија и Франција, како и американскиот државен секретар Џон Кери.
- Лидерите очигледно не знаат со кој претседател да се поздрават, со отстранетиот или со оној што времено ја извршува функцијата. Со цел да ја избегнат оваа непријата ситуација, многумина од нив решија воопшто и да не дојдат, смета професорот по меѓународно право на Универзитетот во Сао Паоло, Маристела Басо.
Ново на Сител
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
