Протести против глобализацијата во Хамбург

Неколку десетици илјади лица учествуваа во денешниот марш против глобализацијата низ улиците на Хамбург, на само пет дена пред Средбата на врвот на Групата 20 најразвиени земји во светот (Г-20), што започнува на 7 јули во овој германски град.
Претставник на полицијата соопшти дека протестот минал мирно.
Паралено со протестниот марш, активисти на организацијата Гринпис протестираа пред еден брод натоварен со јаглен во пристаништето во Хамбург, изразувајќи го на тој начин своето противење на употребата на овој енергенс во производството на електрична енергија.
Протести против глобализацијата се најавени и во наредмите денови, како и во време на одржувањето на Самитот на Г-20 на 7 и 8 јули, за кога организаторите очекуваат во Хамбург да се соберат над 100.000 демонстранти.
Германските власти стравуваат од можни насилни протести и судири, кои би ги иницирале екстремни левичарски групи, поради што за време на дводневниот Самит на Г-20 во Хамбург ќе бидат распоредени околу 21.000 полицајци од цела Германија.
Полицијата стравува и од можни напади врз инфраструктурни објекти во градот, како што се пристаништето и аеродормот.
Ново на Сител
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
