Протести низ Србија против рудници за литиум закажани во уште 17 градови во следните денови
Во организација на еколошки здруженија, протести против отворањето на рудници за литиум се закажани во уште седумнаесет градови во Србија, јави Бета.
Вечерва со почеток во 19 часот протест ќе се одржи во Пожега, а в четврток во исто време во Мионица и Рашка.
Со порака „Земјоделство, а не ископ“, Новосаѓани закажаа протест за 2 август на Плоштадот Слобода.
Истиот ден жителите на Панчево ќе протестираат како и жителите на Топола.
Жителите на Осечина во недела на 4 август со почеток во 19 часот организираат протест „Осечина против литиумот“.
Граѓаните на Бор за 5 август во 18 часот на платото пред Домот на културата закажаа протестен собир „Не молчам оти имам деца“.
Протестот против ископ на литиум во Рача, Шумадија, ќе се одржи в понеделник, на 5 август како и во Смедерево
Протестот во Инѓија ќе се одржи на 6 август.
Жителите на Сремска Митровица закажаа големи протести – „Голем народен митинг против Рио Тинто“ за вторник, 6 август.
Еколошките здруженија најавија голем протест против отворањето рудник за литиум на 10 август во Белград.
Изминативе денови масовни протести на граѓаните против литиумот се одржаа во: Лозница, Ваљево, Љиг, Барајево, Богатиќ, Гроцка, Краљево, Неготин, Коцељева, Шабац, Аранѓеловац, Младеновац, Косјериќ…
На сите собири беше побарано Владата да донесе закон за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци