Протести низ САД поради руската инвазија на Украина
Илјадници луѓе, Украинци и нивни поддржувачи, се собраа денеска во повеќе градови низ САД во поддршка за Украина и демонстрации против руската инвазија на земјата.
Протестни маршеви и собири се оддржаа во Вашингтон, Чикаго, Бостон и други градови.
Митинзите се оддржаа и во саботата, неколку денови откако рускиот претседател Владимир Путин нареди навлегување на војска во Украина. Масовнооста на митинзите укажува на големата загрижност насекаде низ САД за тоа што се случува во Украина.
Пред Белата куќа синоќа во Вашингтон се собраа околу илјада луѓе со повик до претседателот Џо Бајден да преземе поостри мерки против Русија и да покаже поголема поддршка за Украина.
Првата дама Џил Бајден истакна дека таа и претседателот се молат „за храбриот и горд народ на Украина“.
Во четвртокот, кога започнаа првите собирања, на тротоарот пред руската амбасада беше насликан графит со црвена боја со зборот „убиство“. Полицијата потоа го избриша графитот и упаси едно лице поврзано со ова.
Ново на Сител
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис
-
Преглед на вестите од светот