Протести на Нов Зеланд против здравствените мерки

Конвој камиони и автоприколки денеска ги блокираа улиците околу Парламентот во Велингтон во знак на протест поради здравствените мерки воведени поради Ковид-19, по примерот на повеќедневната блокада во главниот град на Канада, Отава.
Вакциниран сум, но сум против да се принудуваат луѓето, изјави еден од демонстрантите.
На возилата може да се видат пораки како „Вратете ни ја слободата“ и „Принудата не е согласност“.
Протестот е мирен и полицијата соопшти дека нема апсења или поголеми инциденти.
Премиерката Џасинда Ардерн изјави дека нема намера да разговара со демонстрантите. Таа посочи дека мнозинството граѓани на Нов Зеланд ја поддржуваат владината програма за вакцинација.
– Дури 96 отсто од Новозеланѓаните се вакцинирани, што ни овозможува да живееме со помалку ограничувања денес благодарение на обезбедената заштита, истакна Ардерн.
На Нов Зеланд вакцинацијата против Ковид-19 е задолжителна за луѓето кои работат во сектори како што се здравството, полицијата, образованието и одбраната.
Конвој од камиони и автоприколки во Велингтон е организиран по примерот во Отава, која е парализирана од „Конвојот на слободата“ веќе 11 дена. Движењето, кое започна како отпор против задолжителната вакцинација на возачите на камиони кои ја минуваат границата, се претвори во митинг против здравствените мерки и премиерот Џастин Трудо.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
