-->
-->
Протестен марш во Струмица
-->

Во Струмица попладнево се одржа протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Од плоштадот „Гоце Делчев“, граѓаните упатија пораки за зачувување на унитарноста на Македонија и против двојазичност. Маршираа низ централното градско подрајче со транспарент „За заедничка Македонија“ и пееја патриотски песни.
Според нив, пораката е Македонија самостојно да ги решава своите проблеми, без вмешување на надворешни фактори.
Протестот помина мирно, без инциденти.
-->
-->
-->
