Протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Крива Паланка
Граѓански марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ се одржа и вечерва низ улиците на Крива Паланка на кој порака за унитарна и единствена Република Македонија упатија паланчани од различни возрасти.
Маршот почна од населбата „Житен склад“ од каде граѓаните се упатија кон центарот на градот, движејќи се по главната улица „свети Јоаким Осоговски. Од маршот и овој пат беа упатени пораки да се зачува татковината каква што ни ја оставиле нашите предци.
- Не сакаме да се менува Уставот, не можеме да поддржиме никакви сценарија и платформи инструирани однадвор, си ја сакаме нашата мила Македонија и затоа излеговме на улица да кажеме не за двојазичност. Сега кога земјата тргна напред и може да напредува со брз чекор, не ни е потребно вакво разнебитување на државата, рече Грозде Петковски, поддржувач на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Присутните порачаа дека мора да се зачуваат македонскиот јазик и унитарна Македонија.
Маршот заврши пред зградата на локалната самоуправа на општината каде се наоѓа споменикот на паднатите борци од Народноослободителната борба, кој граѓаните го обвиткаа со македонското знаме.
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница