Протестен марш „Кој е следен“
Со почетна локација пред Универзалната сала во Скопје денеска во 16:30 часот, граѓанската иницијатива „Кој е следен” организира протестен марш „Не само како поединци, туку како заедница“.
- Потребни сме му на нашиот град и на нашето општество заедно, како колектив што бара одговорност, неселективна правда и безбедност за секој граѓанин! Системот што треба да нè заштити потфрла, затајува и секојдневно ни ја докажува својата нефункционалност – онаа што ни ги крати животите. Премногу долго чекавме некој друг да ги подобри работите, да направи вистински промени, да ни обезбеди квалитет на живот каков што заслужуваме. Време е сами да ги побараме! Време е да ги потсетиме надлежните кому служат и зошто се на своите функции!, се вели во соопштението од „Кој е следен“.
По одржаните јавни форуми, со вашата поддршка и стручната јавност, се додава во соопштението, подготвивме конкретни мерки и барања до институциите, кои ќе овозможат поправеден, пофункционален и побезбеден систем за сите нас.
Приоритетни барања на протестот, како што е најавено, ќе бидат, безбедни улици и градови, неселективен и правичен систем и едуцирана младина со морален компас во вистинската насока.
- Истакнувањето на барања е политички акт, но тоа не значи дека некоја партија треба да го преземе и да манипулира со граѓанската борба! Секој оној што се обидува да го поткопа протестот со теории на заговор дека е платен од некого, нека знае: за протест пари не се потребни. За хамер и фломастери за плакатите – имаме. Секој изгубен живот е нов потсетник дека не смееме да молчиме! Не смееме да тонеме во апатија, чувствувајќи се немоќни да направиме промена. Заедно можеме да смениме сè! Дојди и приклучи се!, порачуваат од иницијативата „Кој е следен”.
Ново на Сител
-
Во Мексико се одржуваат првите избори за судии
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило
-
Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени