-->
-->
Протест во Москва против претседателот Владимир Путин
-->
Илјадници приврзаници на опозицијата се собраа денеска на протест против претседателот Владимир Путин во Москва, иако настанот беше забранет, пренесе ДПА.
При зголемено полициско присуство, демонстрантите се наредија во редица до канцеларијата на претседателската администрација, за да достават писма до Путин, во кои го повикуваат да не се кандидира за претседател на изборите следната година.
Организаторите од организацијата „Отворена Русија“ рекоа дека десетици луѓе се уапсени во слични протести во други големи градови на Русија.
Во Санкт Петербург се уапсени 30 лица.
Владимир Путин се уште јавно не објавил дали ќе се кандидира за четврти мандат следната година, но многумина во Русија очекуваат дека тој ќе го стори тоа, пишува ДПА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар