Протест во Брисел против посетата на иранскиот министер за надворешни работи
Во Брисел денеска се одржа помал протест против најавената посета на иранскиот министер за надворенши работи Мухамед Џавад Зариф.
Демонстрантите бараа од Европската унија да ја откаже посетата на Зариф, која е планирана за утре.
Посетата доаѓа по протестите во Иран, во кои беа убиени неколку десетици демонстранти и неколку припадници на безбедносните сили.
Членови на Европскиот парламент им се придружија на демонстрантите и изразија солидарност со нивните барања.
Зариф доаѓа на покана на европската претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, а ќе се сретне и со министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија.
Членките на ЕУ остануваат посветени на исполнување на нуклеарниот договор со Иран и покрај тоа што САД најавија напуштање на договорот и бараат заострување на санкциите против Иран, особено по убиствата за време на демонстрациите.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
