Протест во Атина за зајакнување на јавното здравје
Секојдневно во болниците се хоспитализираат по 500 пациенти, во просек по 80 дневно се на апарати, но не на Одделенијата за интензивна нега, бидејќи таму нема место, вели претседателот на Федерацијата на лекари од државните болници во Грција, Михалис Јанскос, по денешниот протест на кој побараа подобро јавно здравје, дополнителни вработувања, средства за зајакнување на здравствениот систем, јави дописничката на МИА од Атина.
Вработените во државните болници, во брзата помош, лекари, болничари, организирани од синдикатот, маршираа низ улиците во Атина, поминувајќи од премиерската палата, парламентот, а протестот го завршија пред Министерството за здравство, каде што побараа средба со министерот.
Претседателот на федерацијата вели дека е голем бројот на пациенти кои умираат приклучени на апарати вон Одделите за интензивна нега во болниците, а некои со денови чекаат слободен кревет.
Пред грчкиот Парламент со едноминутен молк и со поставен венец им изразија чест на, како што рекоа, 26 нивни колеги здравствени работници кои ги загубиле животите во битката со коронавирусот.
Од Федерацијата, освен исполнување на нивните барања пред Министерството за здравство побараа и средба со министерот, а откако добија негативен одговор, ситуацијата беше тензична бидејќи се обидоа, но безуспешно, да го пробијат полицискиот блок и насилно да влезат.
Ново на Сител
-
Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок
-
За седум дена санкцонирани се 127 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Руска осуда на американските напади врз Иран во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија
-
Манчестер сити убедливо го порази Ал Аин на Светското клупско првенство
-
МотоГП: Марк Маркез ја освои ГН на Италија
-
Бублик го совлада Медведев за титулата во Хале
-
Милан бара од 15 до 18 милиони евра за Мората
-
Терористички напад во грчка православна црква во Дамаск, најмалку 15 мртви