Бизнис
2. March 2016 - 19:57

Протест против каменолом во гостиварско

Жители на гостиварска Горна Бањица реагираат на отворањето на новиот  каменолом за ископ на варовник сметајќи дека ќе биде опасност по по нивното здравје. Според нив  минирањето и тешките машини во иднина ќе им ја загадат околината, нивите и ќе им ги оштетат куќите.

Од фирмата во телефонски разговор со новинарите образложија дека ги поседуваат потребните документи за отпочнување со работа. „За локацијата имаме концесија за експлоатација на варовник од Министерството за економија, која е во траење од 30 години. Настанатите проблеми со граѓаните треба да ги решат институциите, а ние имаме законско право да продолжиме со работата“, рекоа од фирмата.  

Локацијата каде што треба да проработи новиот каменолом е одалечена стотина метри од селскиот стадион и од нивите на кои се одгледуваат градинарски производи.