Протест пред Владата и пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Претставници на опозицијата предводени од лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва протестираа пред Владата на Република Македонија и пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, изразувајќи незадоволство од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов.
Претходно, граѓани се собраа пред Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов протестирајќи против неговата одлука. Дел од учесниците на протестот фрлаа јајца кон просториите на Канцеларијата која беше под полициско обезбедување.
Протестот продолжи пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде дел од учесниците на протестот се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, но без успех. И покрај повремените тензии, не се регистрирани посериозни инциденти.
Граѓаните почнаа да се собираат попладнето пред просториите на Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка за неговата работа.
Ново на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
