Македонија
10. May 2017 - 21:07

Протест на „За заедничка Македонија“ во Струмица

Целосно отфрлање на тиранската платформа, попис на територијата на Република Македонија и предвремени парламентарни избори, побараа вечерва присутните граѓани на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Струмица.

Според нив, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе му го додели мандатот за состав на влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ако и само ако тој се откаже од спроведувањто на тн. Тиранска платформа.

Го поздравија ставот на претседателот Иванов околу гаранциите што тој ги бара како услов за доделување мандат поврзани со зачувување на унитарноста на Македонија и заштита на уставноста и законитоста.

Граѓаните протестот го завршија со мирен марш низ центарот на Струмица.