Протест на вработените од Управата за матични книги
Вработени од Управата за водење на матични книги денеска протестираат пред зградата на „Нова Македонија“ каде се наоѓа седиштето на Управата. Блокирана е крстосницата на булеварот „Св. Климент Охридски“.
Претседателот на Синдикатот Тони Милошески во изјава за МИА вели дека ќе протестираат до 17 часот затоа што вработените се револтирани по најавите дека ќе им бидат скратени платите за периодот додека штрајкуваат.
– Дел од вработените земаат минимална плата од 18.000 денари и ако уште тие им се скратат, тогаш што ќе им остане. Меѓу вработените има и самохрани родители, рече Милошески.
Штрајкот во Управата за водење на матични книги трае веќе пет недели. Синдикатот успеа со раководството на Управата да ги усогласи во најголем дел ставовите околу новиот колективен договор кој треба да се потпише на ниво на работодавач. Со колективниот договор усогласена е исплатата на К-15 во висина од 50 проценти од просечната плата, исплата на работа во сабота и јубилејните награди. Останува барањето на синдикатот за зголемување на платите за 30 проценти.
Ново на Сител
-
Опозицијата бара одговорност од Власта за пожарите - Тошковски тврди државата соодветно се справува
-
Тошковски: На безобѕирните возачи во иднина ќе им се одземаат возилата
-
Тема на денот со основачите на „Илинденски марш 78-ма“
-
Пратенички прашања: Кој го издаде Македонскиот јазик и идентитет
-
Избор на претседател на ДКСК и Народен правобранител пред локалните избори
-
Коцевски не заминува од функцијата, имал премногу работа како Јавен обвинител
-
„Едвај чекам“, рече Арсовска по најавите на Ганиу дека ќе ја тужи
-
РСБСП: Безбедно лето, вози одморен