Протест на вработените од „Југохром“ во Скопје

Вработените во Комбинатот „Југохром“ од тетовско Јегуновце денеска ја блокираа крстосницата кај Судската палата во Скопје, во знак на протест од исклучувањето на печките на комбинатот.
Бараат повлекување на одлуката на Инспекторатот за животна средина за исклучување на печките на „Југохром“, добивање статус додека не се рестартира фабриката, како и забрзување на изградбата на филтер-станицата.
Најавија дека ќе достават протестно писмо до Инспекторатот за да се повлече мерката за забрана за работа на Комбинатот, во која работат околу 1.000 лица.
Раководството на комбинатот тогаш најави дека нивни екипи ќе продолжат со изградба на филтер-станицата, со кои активности, како што образложија, се доцнело поради тоа што чекале да добијат градежна дозвола.
Претходно, „Југохром“ бараше ново 18 месечно продолжување на законскиот рок и договорот да постави филтри за отпрашување.
Во јануари и февруари годинава „Југохром“ не работеше со одлука на раководството со цел да не се намали влијанието врз загадувањето на воздухот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
