Протест на студентите во Грција
Измени во високото образование, начинот на упис на факултетите, но и воведувањето универзитетска полиција, вклучени во предлог законот од Министерствата за образование и цивилна заштита на Грција, се причината студентиτе денеска да излезат на протести во центарот на Атина, но и во други грчки градови, и покрај забраната на полицијата за собири над 100 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Протестот е поддржан и од федерации и организации на просветни работници, универзитетски професори, претставници на синдикати, но и од подмладокот на опозициската СИРИЗА.
Οд вторникот наутро во Грција во сила е забрана за јавни собири на над 100 лица, а завчера, извори од полицијата, за грчките медиуми објаснија дека конкретната одлука не е поврзана со никаков закажан протест, односно со денешниот, но и дека одлуката не се однесува на присуството на граѓаните во областите поврзани со трговијата, односно продавниците и сл.
Токму овој став, беше искористен за да се направи плакат за протестот што се споделува на социјалните мрежи и наместо на протест, да повикаат на „шопинг“, а збирното место е онаму каде што ќе се одржи собирот на студентите.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина досега доби вкупно 100 милијарди долари помош од САД
-
Пленковиќ: Протерувањето на Хрватите од Србија мора да престане
-
Димитриеска-Кочовска: Зголемена наплатата кај даночните приходи
-
Палевски: Заминав во Турција за да докажам дека Гоце Делчев бил убиен од врховистите, а не турски аскер
-
Венко Крстевски избран за в.д градоначалник на Општина Кочани
-
Тошковски: За трагедијата во Кочани се постапува по над 50 осомничени
-
Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете, советничка од Кочани си поднесе оставка
-
Хамас подготвен да ги ослободи сите заложници во замена за завршување на војната во Појасот Газа