Македонија
15. April 2026 - 16:44

Протест на студентите и граѓаните кои работеле во странство пред УЈП - не сакаат да платат данок ретроактивно

Студентите кои во летниот период работеле во Германија и пораншени работници во Ирак и Аганистан излегоа на протест пред УЈП. Револтирани што Управата сега им бара да платат данок на она што го заработиле  изминативе години., но и од  нетранспаретнен однос на дел од службениците во Управата., кои  им давале  нецелосни информаци, велат дека се жртви на институционална неправда.

-Некој работел 3 години и ги потрошол парите,е ве да реќеме по 6,000 евра заработил годишно, и кој ги потрошил за студии, кој кола ис купил, сега ќе треба да платат 1,800 евра. Од каде да се најдат тие пари? Ќе треба родителите да земат кредит, вели студент кој работел во Германија.

Од УЈП велат – законот е јасен и мора да се почитува. Сите граѓани  кои работеле во странство, мора да платат 10 отсто од приходите, ако  данокот не им е платен во земјата каде што работеле. Бидејќии Германија има прогресивен данок, ако годишната заработка не надминува 12,000 евра.

Платениот данок државата им го враќа, сметајќи дека се во категорија поранливи граѓани, па сега македонските институции им ги даночи и тие пари. Од УЈП утврдиле дека станува збор за 134 студенти.

Поддршка на студентите им дадоа и лицата кои со години работеа  во Авганистан и Ирак и дури годинава има стигнале решенија дека треба да платат данок од 2020та година па навака. Поднеле и доказ дека данокот им е платен од фирмата која ги ангажирала, но велат дека УЈП тоа не им го признава.

„Ние не бегаме од даноци, ниту сме против тоа, но нема да прифатиме неправда и селективни примени на закон и уцени, спакувани како информативни пресметки и решенија. Во изминатите 2-3 недели УЈП нè контактираше сите нас, усно или писмено, и ни доставија пресметки за 2020 година, за пред пет години. Сметаме дека УЈП направила сериозни пропусти во постапките и тоа, непостапила навремено со евидентирање на приливите, не донела решение за текот на наредната година, и навремено не ги информирала граѓаните. Ова не е редовна даночна постапка, ова е лов на пари за полнење на државната каса“, изјави Жикица Миланов, кој кажа дека добил решение да плати данок во висина од 4.000 евра само за 2020 година.

Ако се достави доказ дека е платен данокот со државите со кои имаме потпишано договор за избегнување на двојно одданочување, лицата не треба да платат ништо, појаснуваат од  УЈП. Имаат обврска само да го пријават приходот. Им понудиле на студентите данокот да го платат на рати и без камати.

Според УЈП, од добиените податоци од 12 банки, лани над 70 илјади граѓани имале приливи од странство во вкупен изност од скоро 600 милиони евра. На дел од овие пари – ќе треба да платат данок.