Протест на просветните работници во Атина
Повлекување веднаш на срамниот нацрт-законот за образованието, пишуваше на паното кое демонстрантите го закачија пред влезот на грчкиот Парламент, за време на денешниот протест на наставниците, професорите, студентите и учениците во центарот на Атина.
Со мали туркања, дел од учесниците во протестот успеаа да стигнат до скалите над споменикот на Незнајниот јунак што водат кон парламентот, извикуваа слогани против министерката за образование и го закачија паното.
Паралелно, големо беше присуството на полицијата за да се спречат било какви инциденти и обиди да се стигне до Парламентот.
Протестот заврши мирно.
Во услови на пандемија на Ковид-19 и нецелосно олабавени рестриктивните мерки во Грција, протестот беше масовен, а учесниците, барем дел од нив носеа заштитни маски, но не сите држеа растојание меѓу нив.
Дел од професорите, рекоа дека нивните барања се веднаш да се повлече новиот нацрт закон од Министерството за образование, бидејќи некои од одредбите не се ни во нивни, ни во интерес на учениците.
Едно од главните барања на денешниот протест беше да не се дозволи снимање на часовите за учениците кои од оправдани причини не можат да ја следат настават.
Професорите коментираат дека наставата не е ниту театар, ниту реално шоу за да се пренесува во живо и тоа го крши законот за заштита на лични податоци.
Министерката за образование на Грција, Ники Керамеос, денеска, одговарајќи на пратеничко прашање рече дека нема да отстапат од нивната намера, часовите да ги следат и учениците кои принудно ќе бидат дома и објасни дека вчера, Управата за заштита на податоци од личен карактер оценила дека е законска целта за истовремено предавање и на далечина и со физичко присуство.
Ново на Сител
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години
-
Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва
-
Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста
-
НЕПТУН слави 10 години на HAPPY програмата за лојалност
-
Гир и Дрекслер се надеваат на продолжување на дијалогот со новата Влада, по изјавите на Мицкоски дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи
-
Собранието ги избра делегациите за парламентарна соработка со меѓународни институции
-
Собранието ја избра Марина Димовска за генерален секретар
-
Михајловска: Годинашната средна оценка на матура 3,25, одлична по однос на објективноста