Македонија
10. April 2021 - 16:38

Протест на опозицијата пред Министерството за здравство

Со обвинувања дека власта не знае да се справи во пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ повторно излезе на протест пред Министерството за здравство. Реагираат дека со 4150 починати на Македонија и се случува италијанското сценарио. И овој пат побараа оставни од министерот Филипче и премиерот Заев.

На ова реагираше Министерството за здравство од каде велат дека на опозицијата и пречи тоа што вакцинацијата се одвива одлично.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека вакцинацијата на територија на цела држава се одвива без никаков проблем. Вакцинацијата во време на светска пандемија е сериозен здравствен процес, колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ да им наликува на ‘преправање’ (симулација). Тажно е што опозициската партија безидејно обидувајќи се да профитира политички, се потсмева со вакцинирањето на лицата со најголем ризик од заболување, односно возрасните граѓани постари од 76 години“, велат од Министерството за здравство.

Ова е четврти протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство.