Протераните руски дипломати заминуваат од САД
Руските дипломатии кои Вашингтон ги прогласи за непожелни денеска ќе ги напуштат САД и ќе се вратат во Москва, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.
- Сите дипломати кои САД ги прогласија за „персона нон грата“ денеска ќе заминат од САД заедно со своите семејства, истакна Антонов.
Тој додаде дека од САД ќе заминат вкупно 171 човек, а руската Влада обезбедила два авиона за евакуација.
- Еден од авионите ќе се задржи во САД најмногу два до три часа и со 14 семејства ќе лета директно за Москва, наведе Антонов.
САД објавија дека протеруваат 60 руски дипломати - 46 од Амбасадата во Вашингтон, двајца од Генералниот конзулат во Њујорк и 12 од Руската мисија во седиштето на Обединети нации. Исто така затворен е и Рускиот генерален конзулат во Сиетл. Одлуката е објавена на 26 март, во знак на солидарност со британските тврдења дека Русија е виновна за труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, што се случи на 4 март во Солзбери.
Русија возврати со протерување на 60 американски дипломати и затворање на Генералниот конзулат на САД во Санкт Петербург.
Ново на Сител
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени
-
Грчката фрегата во Аденскиот залив интервенирала и соборила дронови
-
Русија тврди дека уништила два лансири за ракети „Патриот“ во регионот на Одеса