Македонија
18. March 2024 - 21:15

Просветните работници со години немаат земено плати во законскиот рок до 15-ти во месецот

Просветните работници децении наназад немаат земено плата согласно законскиот рок до 15ти во месецот. Иако според колективните договори тие платата треба да ја земат најдоцна до 10ти, не се почитуваат ниту договорите ниту законскиот рок. Додека револтот кај просветните работници расте низ годините, надлежните иституции си ја префрлаат одговорноста за тоа кој е виновен што платите доцнат.

На ЈСП платите им доцнеа еден ден и автобусите престанаа да возат, на Македонскки пошти им доцнат три дена па го прекинуваат работниот процес, но репрезентативниот синдикат СОНК смета дека нема против кого да се протестира што им доцнат платите на просветните работници.

Општините доставуваат списоци на вработени до МОН, и оние што доставиле на време ја земаат платата од 10 до 15, оние што доцнат им доцнат и платите. Доколку благајникот на училиштето направи грешка, тогаш се враќа процесот од почеток, вели претседателот на СОНК.

Од МОН пак на иста линија со Синдикатот за образование и наука, велат платите од нивна страна не доцнат.

Во МОН нема застој на постапката за исплата на платите на наставниците. Согласно законските прописи, општините доставуваат извештаи за плати на вработените во училиштата на нивна територија, кои по проверка, службите на министерството ги доставуваат до министерството за финансии.

Застој може да се случи доколку некоја од општините или пак Градот Скопје задоцнат со достава на извештај врс основа на кој треба да се исплатат платите, велат од МОН.

Бидејќи институциите топката ја префрлаат едни на други, а платите доцнат и по законскиот рок, од Независниот синдикат за образование планираат и прекин на работниот процес во следниот период.