Македонија
30. August 2019 - 12:25

Проштална средба на Џафери со хрватската амбасадорка Баришиќ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Република Хрватска, Даниела Баришиќ.

– На средбата беше изразена благодарност за досегашната соработка и поддршка од пријателската Хрватска. Исто така, двајцата соговорници разговараа за актуелните прашања на Република Северна Македонија. Посебен акцент беше ставен на темата за членството во НАТО, како и за претстојното претседателство на Република Хрватска на Советот на Европската Унија и нивната програма и приоритети, соопшти собраниската прес-служба.

Џафери на амбасадорката ѝ посака успешна работа по завршувањето на мандатот во Република Северна Македонија и ѝ врачи признание за посветеноста во градењето и продлабочувањето на пријателството помеѓу двете земји.