„Прошетка низ уметноста“ за денот на раѓањето на првиот македонски премиер
„Прошетка низ уметноста“ е насловот на проектот што денеска го организира Фондацијата Никола Кљусев, со поддршка од Градот Скопје со цел да го одбележи денот на раѓањето на првиот премиер на независна Македонија.
Прошетката ќе започне во Меморијалниот центар, пред Домот на АРМ, со читање на дел од творбите кои ги има напишано Кљусев, по што ќе ја продолжи низ плоштадот Македонија до улицата што го носи неговото име на сквер Јадран и назад по истата патека.
За време на прошетката групата „Серенада“ ќе пее староградски македонски песни. Прошетката ќе заврши повторно пред Фондацијата каде што оперската певица Сарафина Фантаузо ќе отпее дел од ариите „О соле мио“, „Санта Лучија“ ...
Во реализација на проектот ќе учествуваат и поети кои ќе говорат за творештвото на Кљусев, како и хуманистот и уметник Живко Поповски – Цветин.
Првиот македонски премиер Никола Кљусев има напишано осум збирки поезија, еден роман, а бил и обожавател на класичната музика, особено операта.
Ново на Сител
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух
-
Жителите на прилепско Ореовец денеска се собраа на нов протест
-
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници
-
Преглед на вестите од светот