-->
-->
Просечната плата во август 31 871 денар
-->
– Просечната исплатена нето-плата по вработен, во август годинава, изнесувала 31 871 денар и е за 11,3 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната плата во секторите: Преработувачка индустрија (16.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.1 %) и Уметност, забава и рекреација (15.6 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, пак, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.8 %) и Рударство и вадење на камен (3.1 %).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се обидел да спречи тепачка па добил удар со пиштол во глава
-
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ќе биде инаугуриран за втор мандат
-
Став на СПМ за измена на државниот грб
-
ДУИ: Преседан - државниот врв не ја честиташе независноста на Косово
-
Предлогот за разрешување на Коцевски на владина седница
-
Демонстрации против Трамп под слоганот „Без кралеви на денот на претседателите“
-
Aвионска несреќа во Торонто, повредени осумнаесет лица | ФОТО + ВИДЕО
-
Во Ријад ќе преговараат високи претставници на САД и на Русија