Прорускиот кандидат Игор Додон победи на претседателските избори во Молдавија
Прорускиот кандидат Игор Додон победи на вчера одржаниот втор круг од претседателските избори во Молдавија.
При преброени 97 отсто од гласачките ливчиња, Додон освоил 55,3 проценти од гласовите, додека неговиот проевропски противкандидат Маја Санду ја доби поддршката на 44,7 отсо од гласачите, соопшти избирачката комисија.
Додон и заблагодари на Санду за „добрата предизборна кампања“, поздравувајќи го „респектабилниот број гласови кои ги освоила“ и вети дека „ќе го земе предвид ставот на нејзините гласачи“.
Двајцата кандидати упатија критики за „лошата организација“ на гласањето, жалејќи се дека имало недостиг на гласачки ливчиња на изборните места во странство.
Молдавија првпат од 1997 година избира претседател на непосредни избори, чија избирачка активност достигна 53,3 отсто.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси