Пропаднаа преговорите за формирање нова влада на Северна Ирска
Протестанската Демократска унионистичка партија (ДУП) и католичката Шин Фејн (СФ) не постигнаа договор за состав на нова влада на национално единство во Северна Ирска, и покрај постигнатиот напредок во преговорите, изјави денеска британскиот министер за Северна Ирска, Џејмс Брокеншир.
Тој нагласи дека под тие околности Лондон ќе биде принуден да воведе директна управува над покраината, за да обезбеди континуитет во работата на државните служби.
- Ниту една Влада не може едноставно да не работи и да дозволи тоа да се случи. Поради тоа сега ги правиме неопходните чекори за поднесување на нацрт-закон во британскиот Парламент, што на населението на Северна Ирска ќе му гарантира работење на државните служби, додаде Брокеншир.
СФ исто така соопшти дека преговорите со ДУП завршиле неуспшено.
- СФ е разочарана, бидејќи пропаднаа неколкунеделните преговори. Направивме се што е во наша моќ за да бидеме флексибилни, наведе лидерката на партијата Мишел О’Нил
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни два пожара, три под контрола
-
На ГП „Табановце“ се чека околу 15 минути, на останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Вучиќ: Нема да има граѓанска војна во Србија
-
Сончево и топло со локална облачност
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба