Проодни сите улици во општина Ѓорче Петров
Комуналните екипи во општина Ѓорче Петров денеска во раните утрински часови фрлиле 31 тон сол и песок на критичните места на улиците во општината.
Како што соопштија од општината, сол е фрлена на најкритичната точка, надвозникот пред населбата „Даме Друев“, за непречено да се одвива сообраќајот на улицата „Лука Геров“. Фрлена е сол и на патиштата кои во зимски услови се проблематични и на кои може да дојде до застој на сообраќајот заради голомразица. Сол е фрлена на улиците што водат кон селата Кучково и Никиштане.
- Во раните утрински часови веќе беа проодни сите патишта. На одделни места на патот кон селото Кучково имаше и снежни намети кои го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот, но тие беа навремено отстранети, се наведува во соопштението на општината.
Од општината апелираат до граѓаните за внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патиштата.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на донации
-
Уште едно лице побарало медицинска помош
-
Тошковски: Ја засилуваме превенцијата
-
Презентирано решението за новата Универзална сала
-
Туристите од Турција повторно најбројни
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла