Проодлжува собраниската расправа за буџетот за 2016
Во Собранието на Република Македонија денеска треба да продолжи расправата за Дополнетиот предлог на буџетот за 2016 година на РМ, која почна вчера.
Според предлогот, вкупните расходи се проектирани на 195.788 милиони денари, кои се за 4,7 проценти повисоки од оние во 2015 година, а вкупните приходи се проектирани на 176.804 милиони денари каде има зголемување за 6 проценти во однос на 2015 година. Основни карактеристики на буџетот за 2016 година според предлагачот се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 отсто оваа година на 3,2 проценти следната година и зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестици, со цел да се поттикне развојната компоненета на буџетот.
На приходната страна се очекува даночните приходи да имаат раст од 6,5 проценти и да изнесуваат 101.531 милион денари, неданочните се планирани на 9.633 милиони денари и се за 519 милиони повеќе, а придонесите да имаат раст од 4,2 проценти и да изнесуваат 49.187 милиони денари. На расходната страна, покрај средствата предвидени за повисоки пензии и социјални додатоци, се предвидени средства повисоки за 3,3 проценти за платите или 25.906 милиони денари, за стоки и услуги се проектирани 19.618 милиони денари или 3,5 проценти повеќе од 2015 година, обезбедени се средства за изборите во април 2016 година, како и за трансфери. За здравствена заштита се предвидени 1.334 милиони денари, предвидени се зголемени трансфери за единиците на локалната самоуправа за обезбедување рамномерен регионален развој, како и 141 милион евра за субвенции за земјоделците. Капиталните расходи се проектирани на 25.092 милиони денари и се за 12,9 проценти повеќе од оние во 2015 година. Растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 проценти.
Расправата за буџетот, согласно собранискиот деловник трае пет дена.
Ново на Сител
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица
-
Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија
-
Зеленски: Русија се повеќе ја напаѓа украинската цивилна инфраструктура
-
31-годишник од Берово пријавил дека бил физички нападнат од едно лице во општина Аеродром во Скопје