Живот
13. July 2018 - 10:31

Пронашла кутија од татко и полна со ужасни фотографии: Зела лопата и брутално го убила, а тајната ја криела цели 12 години

Барбара Кумбс од Англија го убила својот татко откако ја нашла неговата колекција слики од детска порнографија, а злосторството успеала да го сокрие цели 12 години.

Таа таткото го усмртила со лопата, а телото го закопала во градината.

На почетокот на оваа година, Барбара отишла во полиција и признала што направила. Осудена е на 9 години затвор.

Истрагата утврди дека својот татко Кент (87) го убила откако нашла кутија полна со фотографии од злоставувани деца.

Ден откако го убила таткото, порачала тон земја и потоа го закопала во градината, а на роднините им јавила дека татко и починал од срцев удар и дека од погребот не сакала да прави “голема работа“.

Полни 12 години таа ја примала неговата пензија, а потоа на 7 јануари оваа година дошла во полицијата во Манчестер и го признала злосторството, откако соседите се повеќе почнале да се сомневаат дека нешто лошо се случило во таа куќа.

На суд е кажано дека таа 40 години страдала од психичкото и физичкото злоставување од страна на својот „страшен“ татко, инаку поранешен војни.