-->
-->
Пронајдено украденото срце на богата француска кралица
-->
Француската полиција го пронајде украденото балсамирано срце на кралицата Ан од Бретања која живеела во 16. век. Археолошкиот артефакт кој минатата недела беше украден од Музејот на Нант, е најден во градот Сен Назер на западот на земјата.
Срцето било сместено во златно ковчеже, коешто заедно со други украдени предмети, како што се претпоставува, требало да бидат претопени поради златото.
Ан од Бретања е единствена жена која двапати била крунисана за кралица во Франција. Кралицата се прво се омажила за Шарл Осми во 1491 година, а потоа, во 1498 година и за неговиот роднина Луј Дванаесетти. Важела за една од најбогатите жени во Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС