Пронајдено тајно писмо на гробот на Аркан - скриено во вазната за цвеќе, еве што пишува
Тајно писмо откриено во вазната за цвеќиња на гробот на водачот на Тигрите. Гробот на Жељко Ражњатовиќ Аркан не го посетуваат само неговата сопруга и децата, туку и жена во средни години, екслузивно дознава српски Курир.
Луѓето кои работат на новите гробишта рекле дека непозната госпоѓа дошла пред неколку дена и оставила цвеќе во вазната. После тоа сознание работниците отишле да го исчистат гробот на Аркан и покрај цвеќето наше и писмо во проѕирна фасцикла.
Еве што пишувало на него:
- Драги мој, ти пишувам сега бидејќи знам дека ти помина годишнината, дека беа тука сите, но не и јас. Јас дојдов тивко, како што ти доаѓаше кај мене. Те сакав повеќе од животот и ќе те сакам засекогаш, бидејќи ти беше мојот херој. Знам дека неправедно замина од овој свет. Знам дека ова е лудо што го правам и знам дека Цеца многу те сакаше како и ти неа, и знам дека таа животот ќе го дадеше за тебе, стои во писмото од мистериозната жена.
- Ова е прв и последен пат да доаѓам на твојот гроб и затоа ти го оставам ова писмо и еден дел од мене да биде покрај тебе. Дождливо е и ладно, а така е со години во моето срце. Тигару мој, почивај во мир, засекогаш твојата пријателка која те чува во срцето, напишала жената со иницијал Н.
Ново на Сител
-
Донесен законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите
-
Шест полицајци повредени во Нови Пазар во судир меѓу граѓани и полиција пред зградата на Државниот универзитет
-
ОН: Во Газа влегува само половина од потребната помош, стотици илјади луѓе гладуваат
-
УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските
-
Со запален факел од хартија и текстил запалил греди на натстрешница - Истрага за пожар во Струмица
-
Ангелов: Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за пожарникари
-
До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја
-
Поради расправија за паркинг место, 41-годишник физички се пресметал со 83-годишен дедо