Пронајдено лице кое починало под неразјаснети околности
Во неготинското село Пепелиште вчера попладне било пронајдено починато средовечно лице во својот дом, чија смрт била под неразјаснети околности, информираат денеска од МВР.
Оттаму соопштуваат дека во полициската станица од Неготино, за пронајденото починато лице со иницијали О.А. родено 1969 година, пријавил лекар од итната медицинска помош.
- Од страна на лекарот од итна медицинска помош бил извршен преглед над лицето и констатирана смрт. Полицијата извршила увид на лице место, а подоцна увидот го преземало јавното обвинителство, кое наредило да се изврши обдукција на телото, велат од МВР.
Вистинските причини за смртта ќе се знаат дополнително по извештајот од судска медицина, а дотогаш куќата на лицето починато под неразјаснети околности, е запечатена.
Ново на Сител
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи