Пронајдено беспилотно летало во Романија
Во областа Бистрица-Насауд во Романија е пронајдено беспилотно летало, а романското обвинителство соопшти дека е покрената кривична постапка и дека не се знае од каде полетало, пренесува МИА.
– Потеклото на леталото се уште не е утврдено, а неговиот сопственик не е идентификуван. Во тек е истрага за да се утврдат околностите под кои полетало и да се идентификува кој го управувал, изјавија обвинители од областа Клуж.
Од полицијата на областа Бистрица-Насауд изјавиле дека леталото го пронашол млад човек во нива во близина на неговата куќа.
Во четвртокот вечерта минатата недела беспилотно летало од советско производство се урна во непосредна близина на Студентскиот дом во Загреб, откако претходно ги прелетал Романија и Унгарија, при што беа оштетени 40 автомобили, но никој не беше повреден.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Николоски: Се бара решение за македонските транспортери
-

Штип го зголемува паркинг капацитетот
-

СДСМ: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, Мицкоски ги загрозува пензиите
-

Преглед на вестите од светот
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
