Пронајдени шорцеви налик на оние кои ги носел Мартин на денот на исчезнувањето | ФОТО
Тринаесет денови како трае потрагата по исчезнатиот Мартин Јовановски во водите на Егејското море во Грција. Вчера на плажа во Катерини се пронајдени шорцеви кои наликуваат на оние на Мартин, кој за последен пат ги носел на плажата во Посиди, на денот на исчезнувањето.
- Информацијата за идентификација на костим за капење кој наликуваше на исчезнатото лице нè донесе на бреговите на Катерини. Пристигнавме на самото место и со помош на спасувачкиот тим Пиерија – ДОП, кој ни го даде чамецот, ја пребаравме областа до делтата Аксиос, но залудно, објави шефот на спасувачката мисија ОФКАТ, Христос Рамос.
Рамос потенцира дека потрагата на спасувачите била ориентирана кон Коринос, Пидна, Аликес Китроу до устието на Аксиос покрај морето.
Мартин на 9-ти јули со двајца пријатели исчезна во водата на плажата Посиди, кога ги однеле силните струи. Едниот беше извлечен по неколку часа, а другиот пронајден по 20 часа потрага. Потрагата по Мартин сè уште е во тек.
Ново на Сител
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода
-
Дел од Карпош без вода, намален притисок во Трнодол, Жданец и Нерези
-
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево - Охрид
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
САД привремено укинуваат некои санкции кон Русија пред состанокот во Алјаска
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер
-
ЦУК: Активни два пожара, три под контрола