Македонија
8. January 2023 - 20:56

Пронајдени рачна бомба и 1000 евра, приведени маж и жена

Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 14.00 часот ја лишиле од слобода 48-годишната Х У. од тетовското село Долно Палчиште.

Како што појаснуваат од МВР, при прeтрес извршен во нејзиниот дом со судска наредба било пронајдено експлозивно средство, рачна бомба и 1000 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од неодамна пријавената кражба во куќа во гостиварското село Форино.

- Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе и бидат изготвени соодветни поднесоци, додека експлозивното средство е подигнато и транспортирано од Дирекцијата за заштита и спасување. При претресот, исто така, од слобода е лишен и 52-годишниот С.У., поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик, додаваат од МВР.