Пронајдени над 140 паковки со дрога и пари при претрес во Скопје

По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба за претрес, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на Р.Џ. (54) во Скопје, соопшти МВР
Како што информираат оттаму, при претресот пронајдени се: 73 паковки со марихуана, 56 паковки со кафеава прашкаста материја, 13 паковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9060 евра и 14100 денари. Р.Џ. е лишена од слобода заедно со М.А. (37) од Скопје.

„Против Р.Џ. е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка и е определена мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје“, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
