Пронајдени хероин и марихуана во Кичево, приведени две лица

На 28.06.2021 во 21.45 часот на ул. „29 ноември“ во Кичево полициски службеници од СВР Охрид -OВР Кичево запреле возило „сааб“ со кичевски регистерски ознаки, управувано од Ф.М. (40), а сопатник бил П.Ј. и при преглед кај нив е пронајдена прашкаста материја, марихуана во повеќе полиетиленски пакувања , пиштол марка „Зораки“ и еден куршум.
Потоа, по издадена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на Ф.М. во Кичево и притоа пронајдена е прашкаста материја, марихуана и дигитална вага кои биле ставени во метална канта закопана во дворот на Ф.М..При извршениот претрес вкупно се пронајдени околу 1,7 килограми марихуана и околу 160 грама хероин.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од КЗ .
Ново на Сител
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
-

85-годишна жена го загуби животот во пожар во семејна куќа во Пинтија
-

Се воведуваат нови мерки и поддршка за граѓаните да се откажат од цигарите
