-->
-->
Пронајдени гранати од Втората светска војна
-->
Повеќе парчиња неескплодирани гранати биле пронајдени вчера во 14:45 часот во близина на Железничката станица во Куманово, соопшти денеска Регионалниот Центар за управување со кризи(РЦУК).
По информација од полицијата, на местото на настанот веднаш излегле екипи на Дирекцијата за заштита и спасување.
Пиротехничарот од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово, Гоце Илиќ, информираше дека станува збор за парчиња од Втората светска војна.
-Теренот е исчистен, бојните средства однесени се на безбедно место. На локацијата биле пронајдени 18 гранати за минофрлач 60 мм, 4 гранати за топ 75 мм, 2 куршуми против авиони 20 мм, дел од граната ЗИС, запалки од гранати 8 и испукани чаури, истакна Илиќ и додаде дека ова е прв пат по подолг период како е пронајдена поголема количина на неескплодирани средства.
Тој информираше дека на местото на настанот, работници од градежна компанија вршеле ископ и дека во близина биле пронајдени и два речиси целосно уништени од времето, кородирани сандуци, каде што веројатно биле складирани парчињата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“