Пронајдени десет тела, се зголемува бројот на загинати во пожарот во анимациското студио во Јапонија
Десет тела се пронајдени од страна на спасувачите во зградата на студиото за анимиран филм во западниот јапонски град Кјото, каде што денеска избувна пожар, објави новинската агенција Кјодо.
Се претпоставува дека сите починале, но според јапонските закони, тоа можат да го потврдат само медицински професионалци.
Претходно, новинските агенции, повикувајќи се на пожарникари и локални медиуми, јавија дека едно лице загина, а 37 се повредени, од кои десетмина во тешка состојба.
Според првичните информации, станува збор за подметнат пожар од страна на едно лице кое истурило запаллива течност. Подметнувачот (41) веднаш е уапсен, но поради повреди и тој е префрлен во болница.
Пожарот избувна околу 10 часот и 30 минути по локално време во трикатната зграда на компанијата „Кјото Анимејшн“, која произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати